Осуденик на над 10 години затвор баран и со потерница е уапсен додека си шетал на улица во Скопје

Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје денеска на улицата „Волт Дизни“ во Скопје го лишиле од слобода Н.И.(30) од Скопје, информира МВР.

Н.И. бил осуден на 10 години и девет месеци казна затвор за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик, а бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје за доиздржување на пет години и девет месеци од казната.

Лицето било спроведенo во Полициското одделение Шуто Оризари за понатамошна постапка, по што ќе биде спрведено во надлежната казнено – поправна установа за доиздржување на казната

Треба да знаете
Последни објави