Дунав се излеа во Будимпешта: Го поплави кејот и стигна до зградата на парламентот

Дунав се излеа од коритото во Унгарија, а водата го поплави кејот и стигна до зградата на парламентот во Будимпешта.

Како што јавуваат унгарските медиуми, Дунав го поплавил долниот кеј во Пешта, а водата стигнала до зградата на унгарскиот парламент.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан утринава на прес-конференција изјави дека состојбата со поплавите се уште е сериозна и тешка.

„Нашето внимание не смее да олабави и по највисокиот водостој, бидејќи после тоа може да има проблеми“, изјави Орбан.

Тој додаде дека се очекува поплавата да ја напушти земјата до средината на следната недела.

Треба да знаете
Последни објави