Тројца скопјани пријавиле напади од улични кучиња

Завчера во 18.45 часот во Полициска станица Аеродром, А.Љ.(43) од Скопје, пријавил дека на бул.„Трета Македонска Бригада“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

Истиот ден во 12.35 часот во Полициска станица Гази Баба, С.С.(40) од Скопје пријавил дека на ул.„Методија Андонов Ченто“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

Синоќа околу 21.00 часот во Полициска одделение Петровец, С.П.(44) од село Петровец, скопско пријавила дека во село Катланово била касната од куче скитник.

Треба да знаете
Последни објави