Повредени две млади момчиња откако со „голф“ излетале од пат

27-годишник и неговиот 18-годишен сопатник се повредени откако излетале од пат со „голф“.

– На 15.09.2024 во 22.10 часот во СВР Штип било пријавено дека на магистралниот пат Штип – Неготино, патничко возило „фолксваген голф“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Б.Д.(27) од Кавадарци, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Б.Д. и неговиот сопатник Х.С.(18) од Кавадарци, констатирани во Градската општа болница Велес, стои во денешниот полициски билтен.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Штип.

Треба да знаете
Последни објави