Меси со два гола донесе победа на Интер Мајами (ВИДЕО)

Еден од најдобите фудбалери на сите времиња Лео Меси се врати по паузата поради повреда која ја заработи од Копа Америка и даде два гола и имаше една асистенција во победата на Интер Мајами над Филаделфија Унион од 3-1.

Мечот започна лошо за Интер Мајами, примија гол уште во втората минута од натпреварот, но потоа на сцена стапи Меси. Во 26. минута по асистенција од Суарез, Меси погоди за израмнување на 1-1, а само четири минути подоцна аргентинскиот фудбалер реализираше за 2-1 по додавање од Алба.

Конечните 3-1 ги постави Суарез во 98. минута, а овојпат Меси беше во улога на асистент.

Треба да знаете
Последни објави