Ја каменувале куќата на светскиот шампион во кикбокс Бобан Илиовски

Неколку лица ја каменувале куќата на светскиот шампион во кикбокс Бобан Илиоски при што биле повредени три лица. Македонскиот шампион претходно имал недоразбирање со едно од лицата што му ја каменувало куќата поради напад на член на неговото семејство.

Овој настан влезе и во билтенот на МВР:

„На 02.09.2024 околу 22.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на општина Аеродром, по претходна расправија, Б.И. од Скопје и уште едно лице физички го нападнале Е.Л.(28) од Скопје. Според пријавеното, после тоа Е.Л. со поголема група на луѓе отишле пред домот на Б.И. и фрлале тврди предмети кон него и неговото семејство. Притоа, со повреди се здобиле В.И., Д.Н. и Е.Л., констатирани во Комплексот клиники ‘Мајка Тереза’ и Градската општа болница ‘Св. Наум Охридски’. Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, стои во извештајот од полицијата.

Треба да знаете
Последни објави