Почнува судењето за убиствата на Вања и Панче

Во Кривичниот суд денеска започнува судењето за киднапирањето и убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски.

Основното јавно обвинителство Скопје најпрво поднесе обвинение против четири лица, а потоа и против првоосомничениот Љупчо Палевски за кого се чекаше екстрадиција од Турција.

Основниот кривичен суд ги одобри во целост обвиненијата. Покрај Палевски, обвинети се и Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов, како и таткото на Вања, Александар Ѓорчевски.

Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година.

Треба да знаете
Последни објави