Лишен од слобода маж од Крушопек поради предизвикување пожар

Денеска (03.09.2024) во 11.25 часот во с.Крушопек, скопско, униформирани полициски службеници од ЕВР Ѓорче Петров при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Х.(60) од с.Крушопек, поради тоа што го запалил стрништето од својата нива и предизвикал пожар, кој опфатил поголема површина.

Од страна на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат.

Повредени лица нема. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Треба да знаете
Последни објави