Најголемиот израелски синдикат почна генерален штрајк поради убиството на заложници во Појасот Газа

Израелската синдикална организација Хистадрут (Генерална организација на работниците во Израел) денеска организира еднодневен генерален штрајк во знак на протест против неуспехот на владата да стави крај на конфликт во палестинската енклава, јави ДПА.

Штрајкот се одржува еден ден по објавувањето на инфорамцијата дека во Појасот Газа се пронајдени тела на шест заложници.

Протестната акција започна утрово во 6 часот по локално време – во 08:00 часот протестираат и вработените на меѓународниот аеродром Бен Гурион во близина на Тел Авив, што ќе резултира со прекин на сите слетувања и полетувања на авионите.

„Не можеме да продолжиме да стоиме и само да гледаме“, рече водачот на Хистадрут, Арнон Бен-Давид. Фактот дека Евреи ги убиваат во тунелите во Газа е неприфатливо. Треба да се договориме (со палестинската вооружена група Хамас), договорот е поважен од било што друго“, додаде тој.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) преку Телеграм вчера објавија дека војниците откриле и извлекле тела на шест заложници од подземен тунел во јужниот дел на Појасот Газа.

Според војската, тие биле убиени од борците на Хамас. Четворицата мажи и две жени беа киднапирани за време на нападот предводен од Хамас во јужен Израел на 7 октомври, соопшти ИДФ.

Портпаролот на палестинската група тврди дека заложниците биле убиени во израелско бомбардирање, јави ДПА.

Треба да знаете
Последни објави