62-годишен маж прегазил малолетник и 42-годишен маж

На 30.08.2024 околу 21.30 часот во СВР Штип било пријавено дека на магистралниот пат Штип- Кочани, на влез во с.Чардаклија, штипско, патничко возило „даеву матиз“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Т.Т.(62), удрило во пешаците Б.Т.(42) и еден малолетник, сите од с.Чардаклија.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, додека со телесни повреди се здобила Б.Т., констатирани во Клиничка болница во Штип.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Штип.

Треба да знаете
Последни објави