Skip to main content
Хроника

Во Косово спречен шверц на стока од Северна Македонија вредна 30 илјади еврa

18/12/2024  16:52

Царината на Косово соопшти денеска дека спречила случај на шверц од Северна Македонија во Косово, при што запленила стока вредна 30 илјади евра, без никаков документ за потеклото на истата.

– При контролата откриена е комерцијална стока шверцувана од РСМ за која не поседувале никаков документ за потеклото, се вели во соопштението.

Се наведува и дека царинските единици извршиле проверки во магацин во Приштина, сопственост на осомничените.

– Од наведените единици е извршена проверка и во Приштина во магацинот на осомничените, при што наишле на разна комерцијална стока без потекло и без соодветна документација. Стоката е одземена и испратена на царински терминал за понатамошно постапување. Вредноста на стоката на пазарот е над 30.000 евра без да се пресметаат царинските затајувања, се наведува во соопштението.