Украинската армија соопшти дека соборила руски борбен авион Су-25

Украинската армија денеска соопшти дека соборила руски борбен авион Су-25 кој летал во правец на Краматорск.

„Нашата армија собори руски авион Су-25 во правец на Краматорск, кој се обидуваше да ги гаѓа позициите на единиците на украинските вооружени сили“, се вели во соопштението, пренесува Укринформ.

Се наведува дека е соборен руски борбен авион со проектил истрелан од системот за противвоздушна одбрана MANPADS.

Треба да знаете
Последни објави