Крводарителска акција во Домот на Армијата

Црвениот крст – Општинска организација Центар и Институтот за трансфузиона медицина денеска по 22-ви пат организираат крводарителска акција по повод празникот Успение на Пресвета Богородица. Крводарителската акција се спроведува во Домот на АРМ во Скопје од 9 до 17 часот.

„Оваа акција веќе 20 години ја покажува големата хуманост на граѓаните на град Скопје. Почнувајќи со 146 дарувања во 2003 година, денеска, по 21 реализирана акција, се зборува за вкупен број од 4509 единици крв или во просек 214 крводарители по акција“, информираат од Црвениот крст.

Како што соопшти Црвениот крст, целта на акцијата е да се обезбедат поголеми количини крв во летниот период поради можноста од недостиг од крв и крвни деривати.

Треба да знаете
Последни објави