Малолетничка и 23-годишник повредени во сообраќајка на патот кој води кон Средно Водно

Синоќа во 22.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат кој води кон Средно Водно, патничко возило „сеат ибица“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.К.(23) од Скопје, излетало надвор од патот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетна сопатничка од Скопје, а со телесни повреди се здобил возачот констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Треба да знаете
Последни објави