Мпабе поднел пријава против ПСЖ во Лига 1 и УЕФА

Килијан Мбапе во Лига 1 и УЕФА поднел пријава против поранешниот клуб, ПСЖ. Мбапе тврди дека ПСЖ му должи 55.000.000 евра.

Конфликтот меѓу Килијан Мбапе и ПСЖ ескалира на почетокот на оваа недела.

Преговорите меѓу двете страни за долгот што клуб го има кон поранешниот фудбалер од вчера, очигледно не беа успешни, по што фудбалерот реши правдата да ја бара на повисоки инстанци. Наводно се работи за последните три плати и таканаречениот „бонус за лојалност“.

Пред да се реши на овој радикален чекор, францускиот репрезентативец во текот на месец јуни разговараше со луѓето од ПСЖ. Клубот тогаш излезе со соопштение во кое се вели дека преговорите се во тек, но очигледно не е постигнат договор.

Тогаш се споменуваше сума од дури 100.000.000, но очигледно е дека Мбапе во меѓувреме ги намали побарувањата

„Монд“, наведува дека ПСЖ ќе се соочи со сериозни санкции доколку се покаже дека навистина му должи на играчот и доколку споменатите пари не се исплатат во одреден рок.

За почеток, Лига 1 ќе му забрани да регистрира нови играчи, додека УЕФА би можела да го остави без европска лиценца за претстојната сезона.

Треба да знаете
Последни објави