(Фото) Пожар во Драчево

Пожар попладнево избувна во скопско Драчево, каде горат десеттици дрвја и грмушки.

На терен се екипи на противпожарната бригада и на полицијата.

За сега, нема информации за причините за настанување на пожарот.

Во периодов Македонија е зафатена со десеттици големи шумски пожари, а дел од нив беа изгаснати со помош на силните дождови што се појавија во текот на денот во некои краеви во државата.

Треба да знаете
Последни објави