Платил 251.110 денари за бела техника но не добил ништо – измамен велешанец

Четириест и седумгодишен жител на велешко село во текот на вчерашниот ден пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 251.110 денари, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.

– Според пријавеното, на 29 јули, преку мобилна апликација, лицето се договорило со него за набавка на бела техника. Како што е пријавено, договорената стока била испратена во Скопје – Чаир и била преземена од друго лице, но, парите не му биле исплатени во договорениот рок и по една недела, лицето веќе не било достапно, по што сфатил дека е измамен, појаснуваат од СВР – Велес.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави