Пцовисани животни, ќебиња, перници и што уште не…фрлале граѓани во струшката канализациска мрежа

Кожи и внатрешни органи од животни, камења, ќебиња, перници, се само дел од отпадот изваден од шахтите и канализациската мрежа во Струга, информира директорот на Јавното претпријатие Водовод и канализација Дашмир Насуфи.

Тој вели дека најголем проблем со кој се соочуваат екипите на претпријатието е несовесноста на граѓаните, кои намерно фрлале отпад во канализацијата. Пример за тоа, нагласи, се наполнети шахти со камења, а од канализациската мрежа меѓу другото било извадено и пцовисано јагне.

„И во овие летни месеци кога туристите и посетителите во Струга уживаат во убавините на езерото, екипите на ЈП Водовод и канализација секојдновно се борат да го стават системот за одведување на фекални води во функционален“, истакна Насуфи.

При вршење на работните задачи, тимовите на струшки „Водовод и канализација“, според директорот на претпријатието, секојдневно чистеле влажни марамчиња.

„Нашите тимови секојдневно се борат со чистење огромните количини марамчиња наталожени на канализациските цевки, шахти и пумпни станици. Апелираме до граѓаните и туристите, искористените влажни марамчиња да ги одложуваат во кантите за отпад, наместо во санитариите“, изјави Насуфи.

Тој посочи дека несоработката и непридржувањето кон домаќинските практики може да доведе до колапс на системот и домовите да бидат поплавени од фекалии.

Треба да знаете
Последни објави