МВР потврди дека поранешниот ОВК војнк побегнал од куќен притвор, СДСМ прашува дали е намерно пуштен

Министерството за внатрешни работи потврди дека од куќен притвор побегнал поранешниот војник на ОВК, Блерим Рамадани, од Косово, за кого Република Србија има распишано потерница и бара екстрадиција.

Како што објави порталот Сдк.мк, Рамадани вчера избегал од куќен притвор од домот на роднини во Македонија. Според порталот, по жалба на Обвинителството, тројца судии од Кривичен совет вчера му одредиле на Рамадани ефективен притвор од 30 дена поради опасност да избега. Извори од истрагата за Сдк.мк откриле дека некој од Кривичниот суд му дојавил на Рамадани дека ќе го вратат во во затворот во Шуто Оризари, па тој истиот момент избегал од Македонија.

Реагираа и од опозициската СДСМ од каде прашуваат дали власта намерно го има пуштено Рамадани да избега.

„Панче Тошковски е големо разочарување на позицијата Министер за внатрешни работи. Откако е дојден на оваа функција веќе повеќе од шест месеци, државата е претворена во Хотел Промаја, а криминлаците бегаат како ќе им текне. Вчерашното бегство на Блерим Рамадани, човек баран со меѓународна потерница е уште еден во низата настани кои потврдуваат дека МВР под Тошковски нема контрола над државата. Прашуваме како е можно да се дозволи бегство на затвореник баран со меѓунардона потерница? Дали дозволи да избега или е крајно неспособен да зачува криминален кој е меѓународно баран? Тошковски исто не одговори, како е можно само пред неколку дена други десет затвореници да избегаат од Шутка?“ велат од СДСМ.

Блерим Рамадани беше уапсен во јули годинава на граничниот премин „Јажинце“ врз основа на меѓународната потерница издадена до Интерпол од страна на Република Србија. Содржината на налогот за апсење се заснова на сомневањата на Србија дека Рамадани, како поранешен војник на ОВК, извршил воени злосторства во регионот на Неродиме.

Треба да знаете
Последни објави