Таткото на Ламин Јамал избоден со нож

Шпанските медиуми јавуваат дека вчера бил избоден со нож Мунир Насрауи (32), татко на Ламин Јамал (17), ѕвездата на Барселона и победник на актуелното Европско првенство со Шпанија.

Насрауи бил избоден со нож на паркинг во шпанскиот град Матаро. Набрзо бил префрлен во болница, но според првичните информации брзо бил испратен дома да закрепне. Полицијата го презела случајот и успеала да лоцира неколку сведоци на инцидентот. Засега се шпекулира дека Насрауи бил вмешан во тепачка.

Таткото на Јамал, Мунир, е од Мароко, а неговата мајка е од Екваторијална Гвинеја. Играјќи за Шпанија, Ламине Јамал носи фудбалски копачки со знамињата на африканските земји и истакнува дека е горд на своето потекло. Јамал моментално е еден од најдобрите фудбалери во светот и според Трансфермаркт вреди 120 милиони евра. За шпанската репрезентација има 14 гола и три асистенции.

Треба да знаете
Последни објави