“МЕТЕОАЛАРМ” АКТУЕЛНА НАЈАВА: “ЛУЦИФЕР” пристигнува и ни носи температури до 42 степени, но од среда постои опасност од појава и на невреме

Метео анализа на Славчо Попоски:

Под влијание на екстремно топлиот бран “ЛУЦИФЕР”, од утре (12.8.2024) па во текот на целата седмица во Македонија ќе имаме екстремно високи температури на воздухот кои насекаде ќе надминуваат 30 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели, како и во Скопската котлина тие ќе се искачат  до, па  и над 40 степени, односно до околу 41,42 степени.

Ув индексот ќе има многу висока вредност и ќе изнесува коефициент некаде помеѓу 8 и 9. Токму поради многу високиот Ув индекс, но и поради екстремно високите температури на воздухот, апелирам граѓаните ако немаат потреба да не излегуваат во најтоплиот дел од денот (од 11 до 17 часот), но и да пијат повеќе течности.

Сепак и покрај екстремно високите температури на воздухот, од среда во попладневните часови се очекува  и локална појава на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Поради екстремно високите температури на воздухот и топлиот бран, атмосферата ќе биде многу загреана  и исполнета со енергија, па во ваква ситуација локално се очекуваат интензивни атмосферски процеси, во форма на невреме, проследено со обилен пороен дожд, силни грмежи и електрични празнења, силен ветер и со појава на град.

Треба да знаете
Последни објави