Стојанче Ангелов на брз ручек со семејството по повод годишнина од брак

Актуелниот директор на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов летово често го гледаме по повод пожарите кои ги имаме во земјава, но најде време и за своето семејство. Поводот беше голем, односно прослава на 20 годишнина од брак.

Тој објави семејна фотографија со сопругата Јасмина, ќерката Сара и синот Марко на семеен ручек.

Додека јас, во целата гужва со пожарите, по повод годишнината од брак со мојата прекрасна сопруга Јасминка од кој се изродија нашите уште попрекрасни чеда Сара (15) и Марко (14) седнав на еден брз семеен ручек, на пожарите се нафрли извонредниот тим од Главниот штаб за управување со кризи“, напиша Стојанче.

Треба да знаете
Последни објави