Skip to main content
Македонија

Анкета: Граѓаните го поздравуваат МВР, но се сомневаат дека Груби е пуштен да избега

18/12/2024  13:46

Последниве неколку дена МВР ја информираше јавноста дека беа спроведени повеќе полициски акции со цел справување со криминалот во државава. Акциите се поврзуваат со расветлување на убиства, производство, продажба и употреба на оружје и наркотични супстанци, злоупотреба на служената положба, подготовка на терористички напади, проневера и слично, а резултатот е поголем број на уапсени и притворени лица, меѓу кои и поранешни функционери и директори. Сепак некои успејаа предвреме да ја напуштат државава и да ја заобиколат правдата.

Граѓаните го поздравуваат овој потег на МВР и на министерот Тошковски и го поттикнуваат да продожи со ваквите акции, но незадоволни се поради бегството на поранешниот вицепремиер Артан Груби.

Од она што успеа да го сними нашата камера, граѓаните се сомневаат дека и овој потег, односно бегството на Груби е уште една политичка игра. Тие се плашат дека властите му дозволиле да ја напушти земјава за повторно и тој да остане неказнет.

Сите граѓани ги поздравуваат акциите и одредените притвори, очекуваат и казни според заслуженото, но покрај тоа очекуваат и проневртените пари да бидат вратени на граѓаните, затоа што како што велат народот е веќе сиромашен од овие кражби на властите.

“Македонскиот народ тоа го очекува и сака да го види, акциите се за секој поздрав”, велат граѓаните, но порачуваат министерот да биде построг.

“Морат да ги вратат парите. Ако ги стават во затвор само година, две, три ништо не сме направиле”, вели друг граѓанин.

“Без разлика дали Албанци или Македонци, јас сум за сите да ги казнат и парите да ги вратат, се што зеле. Нивното богатство да го вратат на народот”, додава трет граѓанин.

Целата анкета погледнете ја во продолжение:

Наталија Јосифоска