Тешка сообраќајна несреќа на патот Тетово – Скопје: Возило излетало од коловозот, повредени пет лица

Денеска (05.08.2024) во 04.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат Тетово – Скопје, од с.Дворце кон с.Радуша, општина Сарај, патничко возило „бмв” со скопски регистарски ознаки, управувано од А.З.(20) од село Сарај, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле сопатниците Ш.С.(19) од село Радуша и С.А.(34) од село Сарај, а со телесни повреди се здобиле возачот А.З. и уште двајца сопатници Б.М.(18) и еден малолетник, двајцата од село Радуша, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза”. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Треба да знаете
Последни објави