Екстрадиција на Груевски ќе има кога ќе се создадат услови, вели Филков

Ново барање за екстрадиција на осудениот експремиер Никола Груевски, Министерството за правда ќе бара штом ќе се создадат услови, вели ресорниот министер Игор Филков. Според него, со голема внимателност се следат сите случаи за кои е распишана потерница и ќе постапуваат, како што вели, без исклучок.

„Последното барање за екстрадиција е од 2019 година за сите постапки за кои е распишана потерница. Барањето за екстрадиција за Никола Груевски е одбиено од Унгарија со образложение дека на Груевски му е даден азил и согласно нивниот закон лицето не може да се екстрадира во држава од која е дојден. И во овој случај, како и во сите други случаи за екстрадиција, се следат внимателно и кога ќе се создадат услови ќе побараме екстрадиција, но не тенденциозно кон одредено лице, туку за сите што се надвор од државата и е распишана меѓународна потерница,“рече тој.

Филков соопшти дека тој потпишал барање за екстрадиција на Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, осудените на доживотен затвор во случајот „Монструм“, за кривичното дело тероризам. Првото барање, како што рече тој, било испратено во 2013 година, а потоа во 2018 година, но и двете се одбиени од косовските власти.

Треба да знаете
Последни објави