СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го одби амандманот за награда на пожарникарите, нема пари за никој освен за функционерите

Пратениците на парламентарното мнозинство предоводено од ВМРО-ДПМНЕ го одбија амандманот на СДСМ за финансиска награда за пожарникарите, војниците, полицајците кои учествуваат во гаснењето пожари.

На ваквиот потег, реагираа од опозициската СДСМ.

„Вчера го одбија и амандманот на СДСМ за поголеми плати за работниците. Нема пари за работниците, дрско порачува ВМРО-ДПМНЕ сервирајќи му на народот нова епизода од нивните најлоши политики.

Во горда Македонија на Мицкоски нема пари за пожарникарите,  нема пари за војниците, нема пари за полицајците, за работниците….Пари има само за луксузните патувања на Мицкоски и неговите министри со бизнис класи.

Баш му е гајле за животниот стандард на народот. Работникот за него е неважен, го смета за евтина работна сила. Ваква Македонија, нема да биде горда. Ќе биде понижена и осиромашена“ велат од СДСМ.

Треба да знаете
Последни објави