ТОПЛОТНИОТ АФРИКАНСКИ БРАН ВО МАКЕДОНИЈА ЌЕ СЕ ЗАДРЖИ УШТЕ НАЈМАЛКУ 10 ДЕНА: Се очекуваат температури до околу, па и над 40 степени

Метео анализа на Славчо Попоски:

Како што и најавив во мојата месечна анализа на времето за август дека очекуваме уште еден голем топол Африкански бран, тоа  и се остварува. Во следните најмалку 10 дена продолжува топлотниот Африкански бран во Македонија со многу високи температури на воздухот. Времето ќе биде стабилно, суво и сончево со појава на мала до умерена локална облачност.

Исклучок ќе биде викендот, односно 3 и 4 август кога во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на локално краткотрајно невреме.

Што се однесува до температурите, тие насекаде ќе надминуваат 30 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели, како и во Скопската котлина температурите ќе се искачуваат до околу 40 степени, но со тоа што истите повремено можно е и да надминат 40 степени.

Ув индексот и понатаму ќе има многу висока вредност и ќе изнесува коефициент некаде помеѓу 8 и 9.

Треба да знаете
Последни објави