Јапонија испрати протест до Русија поради санкционирањето на 13 јапонски бизнисмени

Јапонија денеска упати протест до Русија, бидејќи воведе санкции и го ограничи влезот на 13 јапонски бизнисмени, меѓу кои и претседателот на компанијата „Тојота мотор“.

„Одлуката што ја објави Русија ќе ги ограничи легитимните јапонски корпоративни активности и тоа е целосно неприфатливо“, изјави јапонскиот министер за надворешни работи Јошимаса Хајаши на прес-конференција во Токио, пренесе Ројтерс.

Руското Министерство за надворешни работи вчера објави список со 13 јапонски државјани, велејќи дека Москва трајно ќе им забрани влез во земјата.

Треба да знаете
Последни објави