На 16.12.2024 во 11.30 часот на улица „Димо Гавровски Кара” во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ја привеле А.М.(27) од с.Мала Речица, која била барана по потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна од една година, за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет, наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”. Таа била предадена во Казнено – поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.
Во Мала Речица уапсена жена барана по потерница
17/12/2024 16:25