Трамп во посета на Велика Британија на покана на кралицата

На покана на кралицата Елизабета II, претседателот на САД, Доналд Трамп од денеска е во официјална посета на Велика Британија.Трамп и неговата сопруга, Мелани, ќе останат во Велика Британија до среда.

Минатата година, Трамп беше во Велика Британија, но тоа не беше официјална посета, која вклучува банкет во Бакингемската палата. Станува збор за несекојдневен состанок на лидерите на двете земји, кој привлекува големо внимание на медиумите и јавноста.

За време на приемот во Бакингемската палата, ќе се одржи формална чајанка, каде што принцот Чарлс и неговата сопруга Камила ќе бидат домаќини на Трамп и на неговата сопругата.За време на посетата, американскиот претседател, исто така, ќе разговара со британската премиерка Тереза ​​Мај пред нејзиното заминување.

Треба да знаете
Последни објави