Фоден го спаси Манчестер сити на гостувањето кај Борнмут

Актуелниот англиски фудбалски шампион Манчестер сити остана на еден бод зад лидерот Ливерпул во трката за одбрана на титулата, откако вторпат по ред оствари минимална гостинска победа (1:0) овојпат против Борнмут. Во минатото коло со истиот резултат избраниците на Пеп Гвардиола беа подобри од Брентфорд исто така на гости. Моментот на одлука се случи во 24. минута. Халанд биеш, голманот на Борнмут одбрани, а Фоден одбиената топка ја спроведе во мрежата. До крајот на првото полувреме Сити имаше уште неколку изгледни шанси за да го зголеми водството и практично да го реши прашањето околу победникот, но не ги искористи. Во продолжение Борнмут се закани во повеќе наврати, еднаш Едерсон ја задржа топката од гол-линијата, но до израмнување не дојде.

Треба да знаете
Последни објави