Почина Хозе Антонио Рејес во сообраќајна несреќа!

Фудбалскиот свет завиен во црно. Славниот шпански фудбалер Хосе Антонио Рејес денес трагично го загуби животот во автомобилска несреќа.

Поранешниот фудбалер на Севиља, Реал Мадрид, Арсенал и Бефика денес трагично го загуби животот во автомобилска несреќа.

35-годишниот Рејес се уште активно играше фудбал во шпанската Секунда во дресот на Екстрамадура.

Шпанските клубови и медиуми ја потврдија веста и изразија сочуство до семејството.

Сообраќајната несреќа се случила во шпанскиот град Утрера, инаку роден град на славниот фудбалер.

„Не можеме да соопштиме полоши вести. Нашата сакана ѕвезда Хосе Антонио Рејес почина во сообраќајна незгода. Почивај во мир“, гласеше известувањето на Севиља.

Треба да знаете
Последни објави