Пресретнале две лица од Турција и им се претставиле како полициски службеници, па ги ограбиле

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против М.Л.(30) и Е.С.(35), двајцата од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лажно претставување“, а второпријавениот и за кривично дело „соизвршителство“.

На 01.02.2024, пријавените пресретнале две лица државјани на Република Турција, и им се претставиле дека се полициски службеници, по што М.Л. извршил претрес над нив и од едното лице одзел пари, мобилен телефон и патна исправа.

Треба да знаете
Последни објави