Во БиХ и Хрватска се апсат шверцери на луѓе

Државната агенција за истраги и заштита (СИПА) во Босна и Херцеговина заедно со хрватското МВР и Европол од утрово спроведуваат голема меѓународна акција против трговијата со луѓе, дознава Klix.ba. На територијата на Република Хрватска се уапсени четири лица и извршени се претреси на четири локации, додека на територијата на БиХ во кантонот Тузла, уапсени се девет лица и извршени се претреси на 13 локации. Цел на акцијата се шверцери на луѓе кои, со камиони и теренци превезувале турски државјани од Сараево преку државната граница до Хрватска, а потоа во Германија. Турците легално пристигнале со авиони во Сараево, од каде што биле превземени од шверцери и илегално возени преку Босна и Херцеговина. Членовите на СИПА следеа неколку вакви тури и го прекинаа синџирот на шверцери. Уапсени се државјани на Босна и Херцеговина и на Хрватска.

Треба да знаете
Последни објави