Трајковски постигна гол од корнер

Хрватскиот фудбалски прволигаш Хајдук Сплит денеска славеше против унгарскиот МОЛ Фехервар со 5:2 во пријателски натпревар. Мајсторски гол од корнер за сплитските „бели“ постигна македонскиот интернационалец Александар Трајковски. Натпреварот се играше во четири дела од по 30 минути, а Трајковски ја погоди противничката мрежа во 104. минута. За унгарскиот тим настапи уште еден македонски репрезентативец, Никола Серафимов кој беше стартер во редовите на МОЛ Фехервар.

Треба да знаете
Последни објави