Ковачки избега од судење со Петровска со образложение дека не носи лична карта

Драган Ковачки денеска на судење во спорот со Министерка Петровска се појавил без лична карта и никаков документ за лична идентификација. Иако во моментот Драган Ковачки е меѓу првите граѓани кој извадил пасош со “Северна” тој сепак не го понел нити пасошот со себе. Со оваа постапка тој покажува дека намерно и тенденциозно го одолговлекува процесот за некое следно рочиште.

Во неколку наврати предходно тој се појавуваше со копии од документи кои не беа валидни, па го избегна подготвителното рочиште, за денес да дојде без документ за лична идентификација и да се обиде да подметне возачка дозвола.
Прашање е колку пати ќе бега од процесот во спорот со Министерката Петровска.

Треба да знаете
Последни објави