Во САД најголем број на случаи со мали сипаници од 1992 година

Во Соединетите Американски Држави, во првите пет месеци од годината забележани се 971 случај на мали сипаници, што е најголем број од 1992 година кога имало 963 случаи, соопштија американските власти.

Како што се наведува, најмногу заболени има помеѓу децата на училишна возраст, чиишто родители одбиле да ги вакцинираат.

Пред да стане вакцинацијата во САД задолжителна, тука годишно од мали сипаници заболуваа три до четири милиони лица, а умираа 400 до 500.

 

Треба да знаете
Последни објави