Јаневски: Развојот на туризмот не смее да запре, Отворен Балкан треба да напредува

Коментирајќи ги изјавите дека Отворен Балкан ја исполни задачата и дека тоа е сега завршен проект, директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Љупчо Јаневски во изјава за „Косово оналјн“ вели дека процесот на развој на туризмот не смее да запре и дека Отворен Балкан треба да напредува, а не да се гаси. Во интервјуто тој предупредува дека евентуална блокада на иницијативата би значело дека земјите од регионот треба да почнат од нула.

„Сите три земји од Отворен Балкан во 2023 година имаат раст во туристичката индустрија – Албанија, која е меѓу првите пет во светот, Србија, која е меѓу првите во Европа по раст на туризмот како економска гранка и Македонија, како земја која има значаен, односно одличен раст на девизни приливи. Тоа покажува дека сме дестинација за четири сезона, доволно конкуретна со сите останати дестинации“ изјави Јаневски.

Според него земјите кои се отворени за туристички и економски напредок треба да размислат за приклучување кон иницијативата Отворен Балкан.

„За мене како човек од туризмот не постојат граници, само дестинации. А дестинациите се шират или стенсуваат во зависност од тоа каде туристите се заинтересирани за патување. Мораме да креираме мотивација и инспирација за туристите да не истражуваат такви какви што сме. Балканот како дестинација ќе биде се попривлечна за европските туристи, кои ќе бидат мотивирани од досега можеби неистражените дестинации во Европа“ рече Јаневски за „Косово оналјн“.

Треба да знаете
Последни објави