Еден турист убиен, двајца повредени во близина на Ајфеловата кула

Маж е убиен, а двајца се повредени во напад со нож и чекан на улица во центарот на Париз. Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин.Нападнатите биле туристи кои се шетале околу Кеј де Гренел, кој се наоѓа во близина на Ајфеловата кула. Уапсен е 26-годишен француски државјанин кој од претходно им бил познат на безбедносните служби.

– Осомничениот се приближил до туристите и го избодел германскиот државјанин до смрт, рече Дерманин.

Човекот потоа со чекан нападнал уште две лица пред да биде запрен и уапсен. На повредените им помогнала Итната помош.

Дарманин рече дека наводниот напаѓач извикал „Алах Акбар“, што значи „Бог е голем“, а подоцна на полицијата и рекол дека е вознемирен бидејќи „толку многу муслимани умираат во Авганистан и Палестина“.

Тој рече дека осомничениот бил осуден на четири години затвор во 2016 година за планирање посебен напад и бил баран од француските безбедносни служби.

-Исто така, познато е дека човекот страдал од психијатриски нарушувања, рече Дарманин.

Обвинителството за борба против тероризмот соопшти дека ја презело истрагата. Пишувајќи на X, францускиот претседател Емануел Макрон изрази сочувство до сите погодени од „терористичкиот напад“ и им се заблагодари на службите за итни случаи за нивниот одговор.

„Националното обвинителство за борба против тероризмот ќе биде одговорно за расветлување на оваа работа за да може правдата да биде задоволена во име на францускиот народ“, рече тој.

Треба да знаете
Последни објави