ЕУ воведува стандард за рачен багаж во авионите

На својата пленарна седница, Европскиот парламент во Стразбур усвои резолуција што може да доведе до воведување на униформни стандарди во однос на големината и цената на рачниот багаж за авиопревозниците кои работат во ЕУ.

Тоа е затоа што различните прописи за дозволениот багаж на авиокомпаниите резултираат со скриени такси и го отежнуваат споредувањето на цените.

Судот на ЕУ, исто така, посочи дека авиокомпаниите не можат да наплаќаат дополнителни трошоци за рачниот багаж „под услов таквиот рачен багаж да ги исполнува разумните барања во однос на тежината и димензиите и да ги исполнува безбедносните стандарди“.

Новото законодавство треба да се однесува и на други скриени трошоци, како што се таксите поврзани со распределбата на седиштата во авионите.

Треба да знаете
Последни објави