Галан нареди целосна опсада на Појасот Газа, нема да има струја, храна, гориво

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галан денеска изјави дека наредил „целосна опсада“ на Појасот Газа, како дел од израелската борба против милитантната група Хамас.

-Наредив целосна опсада на Појасот Газа. Нема да има струја, храна, гориво, сè е затворено, рече Галан, според израелските медиуми.

Тој посочи дека Израел се бори против, како што наведе, „животни во човечки облик“ и постапува соодветно. 

Треба да знаете
Последни објави