Русија ќе ги зголеми средствата за војската за 68 отсто

Русија планира идната година да ги зголеми средствата за армијата за 68 проценти споредено со претходната година и тие ќе достигнат 10.800 милијарди рубљи (106 милијарди евра), се наведува во денеска објавен документ на Министерството за финансии. 

Така, буџетот за одбрана ќе претставува приближно 30 отсто од расходите на федерално ниво во 2024 година и шест отсто од БДП, за прв пат во модерната историја на Русија.

Зголемувањето на средствата за војската се показател за одлучноста на Москва да продолжи со воената интервенција во Украина.

Предлог – законот за буџетот за 2024-2026 година би требало утре да се најде во Думата, Долниот дом на рускиот Парламент. 

Треба да знаете
Последни објави