Поранешен играч на Партизан ќе биде нов селектор на БиХ

Поранешниот фудбалер на белградски Партизан, Саво Милошевиќ, роден во Бјелина ќе биде новиот селектор на репрезентацијата на БиХ од каде потекнува, најавија српски меидуми.

Според последните информации, само прашање на време е кога Милошевиќ ќе биде промовиран за наследник на Мехо Кодро, кој пред еден ден вторпат се раздели со репрезентацијата на БиХ по само два меча поминати на жешката клупа.

Милошевиќ веќе две години е без работа, а словенечкиот тим Олимпија Љубљана му беше последен клуб во тренерската кариера. Инаку беше и тренер на Партизан, а и директор на младинските селекции на Србија откако ја заврши кариерата.

Треба да знаете
Последни објави