Skip to main content
Македонија

Забрана за движење на тешки товарни возила на патот Гостивар –Кичево преку Стража

14/12/2024  14:51

Од превентивни причини од 14:10 часот се воведува забрана за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража.

Поради дефект на автобус регионалниот пат Бунец-с.Леуново е затворен за сообраќај.

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по наместа влажни коловози. Снег со слаб интензитет провејува на Попова-Шапка и на планинскиот премин Стража, кој во моментов не се задржува на коловозот.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. 

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.