Борел: Државниот удар во Габон е голем проблем за Европа

Министрите за одбрана на Европската Унија ќе разговараат за ситуацијата во Габон, изјави претставникот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел, додавајќи дека државен удар, доколку биде потврден, ќе предизвика поголема нестабилност во регионот.

Група високи габонски воени офицери се појавија на националната телевизија во раните утрински часови и рекоа дека ја презеле власта откога државното изборно тело објави дека претседателот Али Бонго освоил трет мандат.

„Ако ова се потврди, тоа е уште еден воен удар, кој ја зголемува нестабилноста во целиот регион“, рече Борел.

„Целата област, почнувајќи од Централноафриканската Република, потоа Мали, Буркина Фасо, сега Нигер, можеби Габон, е во многу тешка ситуација и секако министрите мора длабоко да размислат што се случува таму и како можеме да ја подобриме нашата политика во однос на овие земји. Ова е голем проблем за Европа“, изјави тој.

Треба да знаете
Последни објави