Буфон го комплетира тимот на пензионери -2023 година

Објавата на славниот италијански фудбалски голман Џанлуиџи Буфон дека ја завршува кариерата на 45-годишна возраст комплетираше комплетен тим од 11 новопечени пензионери кои веќе нема активно да се занимаваат со играње.

Во календарската 2023 година, од активнот играње фудбал се простија неколку легенди и ѕвезди, па од нив може да се состави силен тим според позициите на кои играа.

На голот е Буфон, во одбраната Врсаљко, Миранда, Годин и Германецот Јонас Хектор, во средина Леива, Фабрегас и Озил, а во нападот Давид Силва, Бејл и Ибрахимовиќ. Ова пред неколку години би бил многу силен тим кој би можел речиси секого да победи.

Треба да знаете
Последни објави