Младите ракометари со пораз од Норвешка го стартуваа Светското првенство

Машката ракометна репрезентација на Македонија до 19 години загуби од Норвешка со 25:27 во првото коло на Светското првенство кое се игра во Хрватска.

Селекцијата на Раде Стојановиќ одигра добро во поголем дел од мечот, даде силен отпор, но, сепак, Норвежаните на крајот се покажаа како подобар ривал. Тие имаа водство на полувреме од 11:9, а двата гола предност ги задржаа и на крајот од пресметката.

Најефикасен во македонскиот национален тим беше Мирче Калајџиески со 7 гола, а кај Норвежаните се истакна Олсет со 9 погодоци.

Треба да знаете
Последни објави