Македонскиот клупски фудбал на евро-сцената во друштво на аматеритер од Сан Марино, Андора, Гибралтар…

Македонскиот клупски фудбал од идната натпреаврувачка сезона на евро-сцената ќе биде во друштво на аматерските состави од Сан Марино, Андора, Гибралтар… Ова го потврди УЕФА со објавувањето на рејтинг листите според постигнатите резултати на клубовите. Македонија се најде на 52-та позиција на УЕФА-листата, или четвртопласирана одоздола, што значи дека во наредната европска клупска сезона 2024/25 ќе има само – три, наместо досегашните четири клуба претставници во меѓународните натпреварувања.

УЕФА ова го потврди со објавениот пријавен лист за сезоната 2024/25, во која Македонија ќе ја претставуваат само новиот првак, вицешампионот и победникот на Купот или третопласираниот ако куп-трофејот го освои некој од првите два тима во претстојната сезона.

Македонсклиот шампион и во наредната сезона нема да игра претквалификации зашто УЕФА ја укина оваа рунда, па ќе стартува од првото квалификациско коло како и досега.

Покрај Македонија со три клуба во идната сезона во Европа ќе бидат претставувани Сан Марино, Црна Гора, Андора и Гибралтар.

Треба да знаете
Последни објави