Skip to main content
Свет

Богатството на Маск ја надмина границата од 400 милијарди долари

13/12/2024  09:01

Според Форбс и Блумберг, Илон Маск стана првиот човек кој достигнал богатство проценето на повеќе од 400 милијарди долари. Неговото богатство главно се состои од удели во производителот на електрични автомобили Тесла и компанијата Спејс Икс.

Инвеститорите шпекулираат дека Тесла ќе има корист од моменталната блискост на Маск со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп. Маск, роден во Јужна Африка, а сега американски државјанин, го поддржа Трамп со милиони донации за време на изборната кампања и ќе биде дел од владата на Трамп.

Компаниите на Маск исто така вклучуваат онлајн платформа Икс, развивач на вештачка интелигенција xAI и компанија за импланти на мозок Неуралинк. На второ место на листата е основачот на Амазон, Џеф Безос, со богатство проценето на повеќе од 240 милијарди долари.