Игуаин во солзи објави крај на кариерата

Еден од најдобрите аргентински фудбалери Гонзало Игуаин синоќа го одигра последниот натпревар во кариерата, по што се расплака и се збогува од спортот. Интер Мајами загуби со    0:3 од Њујорк сити во осмианфиналето на плејофот во МЛС-лигата, а тоа беше последна средба за аргентинскиот напаѓач.

-Почнува мојот втор живот, завршив со тоа што го сакав најмногу. Зад мене е кариера од 17 години. Совеста ми е чиста и заминувам да уживам во тоа што следи, вели Игуаин.

Аргентинецот во кариерата играше за Реал Мадрид, Ривер Плејт, Наполи, Јувентус, Челси и Милан, додека за Аргентина настапи на 75 натпревари и постигна 31 гол.

Треба да знаете
Последни објави